6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Силување ја потресе Македонија

Основното јавно обвинителство од Струмица поднесе обвинение против 32-годишен собирач на отпад кој силувал девојка со пречки во развојот.

Како што информираат од обвинителството, мажот го искористил претходното познанство со жртвата, па на 11 декември минатата година во нејзиниот дом во Струмичко, ја нападнал девојката со пречки во развојот и ја силувал.

Тој како вработен во претпријатие за собирање отпад претходно се сретнал со неа, при што дознал за нејзината состојба и за куќата во која живее. Силувањето го извршил во момент кога девојката била сама во својот дом.

По пријава од родител на жртвата, осомничениот бил веднаш уапсен, а Основното јавно обвинителство Струмица презело дејствија за расчистување на настанот.​

Против 32-годишникот е покранато обвинение за сторено кривично дело „обљуба врз немоќно лице“.

Обвинителот до Основниот суд Струмица доставил и предлог за продолжување на притворот, ценејќи дека се исполнети законските основи за тоа.

Спонзорирано: