25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Падна одлука: Нема предвремени парламентарни избори

Раководството на СДСМ вечерва одлучи дека нема потреба од оддржување на Предвремени избори, а во насока на комотно продолжување на реформските процеси.

Социјалдемократите во повеќе наврати претходно соопштија дека Македонија заслужува конечно да има редовни избори, а не предвремени.

Предвремените избори станаа нормалност во нашето општество за време на владеењето на на Никола Груевски, чија партија речиси на секои две години оддржуваше предвремени избори, па така првите беа веќе во јуни 2008-та, вторите во јуни 2011-тата, третите во 2014, а наредните во 2016-тата, со што ниту еднаш ВМРО ДПМНЕ не успеа да го заокружи мандатот без избори.