20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

В понеделник без автомобили во Гостивар

В понеделник во Гостивар ќе се одржи активноста Ден без автомобили со цел подигање на свеста на граѓаните за намалување на загадувањето на воздухот.

Оваа активност е на иницијатива на градоначалникот Арбен Таравари, а го организира општината во соработка со Полициската станица и невладини организации.

Настанот ќе се одржи в понеделник, при што ќе се забрани сообраќајот во централниот дел на градот, односно на улиците ЈНА (Дебарски пат) од центарот до пресекот со булеварот Браќа Ѓиноски, Илинденска (поранешна Борис Кидрич) од центарот до раскрсницата со булеварот Гоце Делчев (Сити центар), и улицата М.Ч. Филипоски од Витамин Ага до раскрсницата со улицата Борче Јованоски.

Сообраќајот, при реализацијата на оваа активност, ќе го обезбедува Полициската станица – Гостивар.

Од општината апелираат на разбирање и ги покануваат граѓаните да станат дел од оваа активност со одбегнување на користење моторни возила без поголема потреба, особено на овој ден, но и воопшто.