5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Невозможната мисија на лекарот што ја спаси раката на Деа Ѓурѓевиќ

Водителката на „Утринската програма” на „Пинк” Деа Ѓурѓевиќ вчера изутрина имаше сообраќајна несреќа на Дедиње, при што во неа удри автобус и ѝ ја откина раката. Следуваше повеќечасовна операција, а Деа сето тоа го поднесе многу храбро. Раката ѝ ја соши тим од лекари на ВМА.

Професор д-р Марко Бумбаширевиќ се појави во Утринска програма на Прва, каде што зборуваше за состојбата на водителката.

„Таа се чувствува добро и е во ред. Раката изгледа добро. Добив филм од колегите од ВМА. Сигурен сум дека сè ќе биде добро. Ова беше невозможна мисија бидејќи станува збор за откината рака и се чинеше невозможно да се сошие. Сакам да ја пофалам Деа. Таа е храбар пациент и ги има сите пофалби. Кај таквите пациенти невозможното се претвора во можно. Се надевам дека функцијата на раката ќе биде добра“, ѝ кажа д-р Бумбаширевиќ на водителката Јована Јоксимовиќ.

„Ништо не може да ги замени рацете, тие се незаменливи. Ова е многу важно, особено за млад човек“, додаде лекарот.

На прашањето како изгледаше тоа утро кога се случи сообраќајна несреќа и како е спасена раката, д-р Бумбаширевиќ одговори дека е важно што сè беше добро подготвено.

„Златното правило е ‘животот пред екстремитетите’. Многу е важно да се спаси животот бидејќи тој е најважен. Сè беше направено и подготвено добро. Раката беше поставена на мраз, на плус четири степени, за да не замрзне. Изгледаше невозможно бидејќи тоа беше дефект на крвните садови, сè мораше да се реконструира. Мислам дека ќе помине добро”, рече лекарот.

Тој исто така кажа дека во Србија има многу успешни лекари и дека таквите тешки операциони зафати не се новост.

(Makfax)

Спонзорирано: