5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Македонија тргнува во изборен процес – Кој ќе го замени Иванов?

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го потпиша решението за распишување на претседателските избори. Првиот круг од изборите треба да се одржи на 21 април, а вториот круг на 5 мај.

Во согласност со Изборниот законик, не треба да поминат повеќе од 90 и не помалку од 70 дена од распишување на изборите до денот на нивно одржување. Мандатот на актуелниот претседател Ѓорге Иванов завршува на 12 мај.

Политичките партии досега официјално немаат објавено кандидати за претстојните претседателски избори. Двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кандидатите решија да ги избираат преку јавен оглас.

Од владејачкиот СДСМ соопштија дека процесот за избор на кандидат е во тек, а официјалниот избор ќе се одржи на партискиот конгрес закажан за 3 март.

На огласот на ВМРО-ДПМНЕ, како што соопштија од партијата, пристигнале 10 кандидатури. Како фаворити за претседателски кандидат од партијата се посочуваат професорката Гордана Силјановска-Давкова и пратеникот Влатко Ѓорчев. Официјалниот кандидат ќе биде соопштен на конвенција на 16 февруари.

Од ДУИ, иако велат дека имаат официјален став оти на изборите може да настапат со свој кандидат, сепак оставаат можност пред истекот на рокот за поднесување на кандидатурите да постигнат и друго решение.

Од помалите политички партии, како од македонскиот така и од албанскиот блок, најавија дека на изборите ќе одат со свои кандидати.