17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Херојска порака на Ципрас: Историјата ќе ни суди

Премиерот Алексис Ципрас денеска го бранеше договорот што Грција го потпиша со Македонија за ставање крај на долготрајниот спор за името на земјата велејќи дека верува оти неговата влада ја направи својата патриотска должност.

„На сите ќе ни судат и народот и историјата. Мислам дека ја направивме нашата патриотска должност во услови на закани и уцени. Но, набргу ќе ни судат грчкиот народ и историјата, а најмногу следните генерации“, им рече тој на пратениците за време на напнатата дебата во парламентот во врска со ратификацијата на протоколот, кој дозволува земјава ќе се приклучи кон НАТО со името Северна Македонија.

„Се гордеам со ставот на пратениците што гласаа за договорот“, додаде тој.

Ципрас исто така ги отфрли повиците на водачот на Нова демократија за одржување предвремени избори.