15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Евакуација на 700 жители во Нов Зеланд поради пожар

Во тек е евакуација на 700 жители од градот Вејкфилд, на Јужниот Остров, поради шумскиот пожар што ја загрозува областа.

Органите за цивилна заштита го отворија спортскиот стадион како центар за прифаќање на загрозените лица, тврдејќи дека можат да примаат луѓе кои немаат пријатели или семејство на други места каде што би се засолниле.

Во пожарот што избувна во вторникот и се прошири на околу 2 000 хектари, изгоре една куќа. Властите се сомневаат дека бил предизвикан од искра на некоја земјоделска машина.

Во Вејкфилд, гратче со 3 000 жители, сѐ уште има жители кои чекаат информации дали ќе бидат евакуирани, а многумина од нив самите си одат.

Спонзорирано: