8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерство за здравство: Има доволно количини од сите типови вакцини

Има доволно количини од сите типови вакцини, вклучувајќи ја и шествалентната вакцина Hexaxim, информираат од Министерството за здравство.

„Министерството за здравство во моментот располага со вкупно 16.600 дози од вакцината Hexaxim, кои се на располагање на сите здравствени домови и поликлиники, вклучувајќи ја и поликлиниката ‘Јане Сандански’ во Скопје“ соопшти Министерството.

Динамиката на дистрибуцијата во здравствените установи, како што велат оттаму, се одвива на квартално ниво, согласно претходно испратено барање од страна на установите. Исто така постои можност секој квартал да се надополни со вонредно барање од страна на здравствените установи, појаснуваат од Министерство за здравство.