11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германија упати барање до „Фејсбук“ во врска со личните податоци на корисниците

Антимонополното тело на Германија побара од платформата „Фејсбук“ да прибира помалку информации за корисниците на мрежата доколку истите не дале согласност.

Регулаторното тело почна истрага околу социјалната мрежа поради сомненија дека голем број корисници не се свесни за активностите на компанијата.

Истрагата вклучува информации прибрани од извори, како и други апликации што се во сопственост на „Фејсбук“, вклучувајќи ја и „Инстаграм“.

Компанијата изјави дека ќе поднесе приговор со образложение дека „Фејсбук“ може да продолжи да прибира податоци, но не смее да ги комбинира со главниот профил на корисникот доколку корисникот не даде согласност.

Регулаторното тело додава дека задолжителното поле за штиклирање со кое корисникот дава согласност за користење на неговите лични податоци не е доволно за да се процесираат информации од таков карактер.

„Фејсбук“ има еден месец да упати приговор пред оваа одлука да стапи во сила.

Доколку одлуката стапи во сила, компанијата е должна да изнајде техничко решение во рок од 4 месеци.