3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Анѓушев носи добри вести

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, како копретседавач на Мешовитиот управувачки комитет помеѓу нашата земја и Германија, денес реализира еднодневна посета во Берлин.

За време на посетата тој се сретна со државниот секретарк во Сојузното министерство за економија и енергетика, Клаудиа Дер Вос, по што се одржа и оперативен состанок со копретседавачот на комитетот од германска страна, Хелге Толксдорф, на кој се дискутираа конкретни чекори и мерки за соработка помеѓу Владите, особено за германската поддршка за поинтензивен економски раст и креирање на реална и одржлива економија во нашата земја.

Анѓушев потенцираше дека со денешното потпишување на протоколот за пристапување кон НАТО се реализира една стратешка цел на нашата земја, се обезбедува стабилност и подобра бизнис-клима преку која се очекува нов наплив на странски инвестиции. Тој додаде дека СР Германија е прв трговски партнер на нашата земја со 3,64 милијарди евра обем и 15% раст на размената во 2018, во однос на 2017 година.

По оваа средба се одржа и оперативен состанок на Мешовитиот управувачки комитет на Владите на двете земји, со кои претседаваат вицепремиерот Анѓушев, од македонска страна, и Хелге Толксдорф, раководител на Оддел за ЕУ-проширување, Југоисточна Европа и Турција во Сојузното министерство за економија и енергетика на Германија.

„По завршување на политичките процеси, важно е да обезбедиме подобар живот за граѓаните, а тоа ќе го постигнеме преку добра и реална економија. Нема подобро место во светот од каде што може да се научи повеќе за економијата и индустријата од Германија и затоа го формиравме Мешовитиот управувачки комитет помеѓу македонската и германската Влада“, порача Анѓушев.

Спонзорирано: