14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози, информираат од Авто мото-сојузот на Македонија.

Оттаму посочуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утринските часови постои можност и од појава на голомразица.

Спонзорирано: