14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Груевски во живо на Сител

Никола Груевски за првпат на македонски медиум по добиениот азил во Будимпешта. Обраќањето на поранешниот македонски премиер е најавено на ТВ „Сител“ во информативниот блок во 16 часот. Ќе биде во форма на интервју, како што се најавува, и премиерно пред домашниот аудиториум по бегството во Унгарија.

Гостувањето на Груевски на ТВ „Сител“ ќе биде одлична прилика за откривање на детали од планираното префрлување од Скопје во Будимпешта, за рутата што ја минал, за начинот што го користел притоа, за помагателите, итн.