10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

По низа дефекти, Германија купува нов владин авион

Во надеж дека ќе се стави крај на низата технички проблеми кои во минатото ги попречуваа германските официјални претставници да патуваат во странство или да се вратат дома, германската армија планира да купи нов авион.

Портпаролот на Министерството за одбрана потврди дека започнат е процес за понуди за нов авион, веројатно „ербас А350“. Цената може да изнесува околу 180 милиони евра, а за вградување на дополнителна безбедносна опрема може да се волжат дополнителни 100 милиони.

Германските претставници во последно време имаа низа непријатности при своите меѓународни дипломатски походи.

Во ноември, канцеларката Ангела Меркел своето патување со комерцијален авион кон Аргентина на самитот Г-20 го заврши кратко по полетувањето.

Глувци ги изгризаа каблите на друг авион, поради што министерот за финансии Олаф Шулц заглави во Индонезија.

Само минатиот месец, поради проблеми со авионите, беа прекинати патувањата во Африка на германскиот министер за развој, Герд Милер и претседателот Франк-Валтер Штајнмајер.

Спонзорирано: