20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР им возврати на ВМРО ДПМНЕ

– Министерството за внатрешни работи во целост ги отфрла дезинформациите и лагите пласирани од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за наводно криење на случувањата во Шуто Оризари на 28 јануари.

Напротив, МВР во соработка со јавното обвинителство експресно го расчисти случајот, а за сето тоа транспарентно ја информираше јавноста со соопштенија и прес конференција.

Поднесени се кривични пријави до надлежните обвинителства за седум лица и тие ќе одговараат за тоа што го сториле. Полицијата сега работи транспарентно, професионално и ефикасно, за разлика од периодот кога со министерството раководеше кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Полицијата ја гарантира безбедноста на граѓаните, а високата доверба на граѓаните кон полицијата е видлива на анкетите кои се презентираат во јавноста, се вели во соопштението на МВР по повод прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ во врска со настаните во Шутка.