19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Четири нови жртви на грипот во БиХ, досега 22 починати

Уште четири лица починаа од грип во Република Српска, со што вкупниот број на починати во Босна и Херцеговина се искачи на 22, пренесуваат босанските медиуми.

„Се работи за лица од средна и постара возраст со бројни пропратни заболувања, кои биле позитивни на вирусот инфлуенца А“ се наведува во соопштението на институтот за јавно здравје на Република Српска, објавено денеска.

Како што се додава, четворицата починати пациенти биле сместени на Универзитетската клиника во Република Српска, во Бања Лука.

Институтот за јавно здравје на Република Српска соопшти дека од почетокот на сезоната од последица на тешки акутни респирсторни инфекции предизвикани од грип, починале 20 лица. Уште две досега умреле на подрачјето на Федерацијата а БиХ.

Оттаму ги повикаа граѓаните да применуваат лични мерки, а особено респираторна хигиена, како и хигиена на просторот во кој живеат и работат.

Спонзорирано: