5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мијалков со многу телохранители на Суд – сам го испрашуваше сведокот

Сашо Мијалков опколен од телохранители во четвртокот дојде на суд, без лисици на рацете.

ТВ21 пишува дека денеска на рочиштето сведочеше Ѓорѓи Лазаревски, поранешен инженер во МВР, лице кое ги копирало прислушуваните материјали од системот на УБК. Тој вели дека постапувал професионално и дека за него не било важно што имало во прислушуваните материјали, туку едноставно бил шокиран кога разбрал дека голем број граѓани нелегално се прислушувани.

Освен неговиот адвокат, сведокот Лазарвески го испрашуваше и самиот Сашо Мијалков. Го прашаа како можел да влезе внатре во просторијата на оперативниот систем каде се вршле прислушувањата.

– „Никој не ставил забрана за влез таму. А и лозинката на администратор кој јас ја користев, не беше променета. Во системот не сум презел никакво дејство, освен копирањето на прислушуваните материјали“, вели Ѓорѓи Лазаревки – сведок.