Секогаш во средиштето на збиднувањата...

ИДЕАЛНА САЛАТА: Туна со тестенини и пченка

Подгответе вкусна и хранлива салата, која ќе ве освои со својот вкус!

Состојки:

200 гр интегрални тестенини
1 конзерва туна во парчиња
150 гр пченка
2 струка млад кромид
100-150 гр посен мајонез
1 лажичка сол
1/2 лажичка бибер
Начин на подготовка:

Во чинија ставете изладени тестенини и пченка. Лесно измешајте. Додајте кромид и туна. Сè измешајте да се изедначи. Посолете и побиберете по вкус.

На крај додајте мајонез и сè добро соединете. Оставете во фрижидер добро да се излади па послужете.

Добар апетит!