8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Кирацовски продолжува со продуктивни средби низ Македонија: Детали за средбата со градоначалничката на Тетово

Како пратеник во Собранието на Република Македонија, денеска Александар Кирацовски оствари средба со градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи.

– На средбата, разговаравме за актуелни прашања и теми кои ги засегаат граѓаните на Тетово и Полошкиот регион, ставајќи акцент на проектите од инфраструктурата, животната средина и локалниот економски развој, рече Кирацовски.

– Како клучни проекти од големо значење за општина Тетово би ги споменале изградбата на пречистителната станица и завршениот проект за водоводот, како и дислоцирање на депонијата која е на штета на градот Тетово .

Како парламентарно мнозинство, определени сме да работиме во интерес на граѓаните и да ги следиме нивните потреби. Бројните законски решенија што ги донесовме во Собранието го подобруваат животот и обезбедуваат привилегии за сите граѓани, вклучувајќи ги и граѓаните на Тетово. Kако пратеник, останувам посветен на продлабочувањето на соработката со локалната самоуправа во носењето на квалитетни политики што се во интерес на општината и граѓаните.

Изразувам огромно задоволство од примерот што Општина Тетово го дава во изградбата на концептот на едно општество за сите; таквиот пример треба позиитвно да влијае и врз другите локални самоуправи со цел Македонија да стане препознатливо општество на еднакви граѓани,рече Александар Кирацовски.