8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ тотално одлепил од реалноста, раст на плати има само кај вицепремиерите и градоначалниците

СДСМ тотално одлепил од реалноста, велат од ВМРО-ДПМНЕ во однос на информациите од владејачката партија дека во фаза на реализација се 17 странски инвестиции.

Од таму додаваат дека во отсуство на ветените инвестиции на „Гугл“ и „Фејсбук“, на оваа власт ѝ преостанува да се фали со инвестициите што претходно ВМРО-ДПМНЕ ги обезбедила и ги договорила.

„Лицемерството оди до таму што сега Владата и СДСМ се фалат со зголемен извоз од фабриките од ТИРЗ-овите што ги обезбеди Владата на ВМРО-ДПМНЕ, а кои СДСМ како опозиција ги критикуваше и напаѓаше“, стои во партиската реакција.

Од опозициската партија истакнуваат дека поради, како што велат, криминалниот картел на власт, Македонија е на 93. место по индексот на корупција на „Транспаренси интернешнл“, на дното во Европа, но и зад земји како Руанда, Свазиленд, Шри Ланка, Намибија и слично.

„ММФ оцени дека растот на БДП во 2018 година ќе биде 2 отсто, што е многу далеку од ветените 5 отсто шт оваа неспособна власт ги најавуваше претходно“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде што додаваат дека платите реално не растат, освен тие на вицепремиерите во Владата и на градоначалниците од редовите на СДСМ.

Спонзорирано: