26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Жолтите елeци“ 11-ти пат по ред излегоа на париските улици

„Жолтите елеци“ и денес, 11-ти пат по ред протестираа низ улиците на Париз и другите француски градови, поради незадоволство од владините политики, со тоа покажувајќи дека претседателот Макрон треба уште да се потруди за да го намали противењето кај јавноста за некои сегменти од неговата политика.

Според агенцијата „Ројтерс“, денешните демонстрации биле претежно мирни, како и во претходните две недели, наспроти големите немири што избија на демонстрациите во декември.

Протести се одржаа во Стразбур, каде што демонстрантите маршираа до Европскиот парламент, како и во Тулуз.

Учесниците на протестите носеле француски знамиња и транспаренти со пораки упатени до францускиот претседател.

Некои членови на „жолтите елеци“ предложија листа на кандидати за Европскиот парламент, кои други активисти, пак, ги сметаат за предавство на идеалите на ова движење.