18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

АМСМ: Сообраќајот се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, а наместа со остатоци од кашест снег на коловозот, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

На патниот правец Струга – Ќафасан (до сeло Франгово) поради оштетување на коловозот, брзината на движење е ограничена на 40 километри на час. Од 09:00 часот на делницата А-1 Демир Капија – село Смоквица, сообраќајот се одвива без проблеми за сите видови моторни возила.

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Страцин, Железнец, Павлешенци и Удово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.