17.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Судир на авион и хеликоптер над Алпите, загинаа седум лица

Седум лица загинаа, а двајца се тешко повредени во судир на мал туристички авион и хеликоптер над италијанскиот дел од Алпите, потврдија спасувачките служби.

Меѓу петте жртви во хеликоптерот е 49-годишен Германец кој работел како локален планински водич, а загинале и две лица од авионот, објави новинската агенција „Анса“. Двајца преживеани имаат сериозни повреди. Едниот бил во хеликоптерот, а другиот во авионот.

Судирот се случил во петокот попладне во регионот Вале д’Аоста во северозападна Италија, во близина на ски-дестинацијата, недалеку од француската граница.

Хеликоптерот пренесувал скијачи, а авионот доаѓал од Франција и во него биле инструктор за летање и двјца ученици на обука на пилоти.

Полицијата за радиото „Раи“ изјавила оти се чини дека францускиот авион се префрлил на италијанска територија без да го сигнализира тоа кај италијанска контрола на летови. Инцидентот се случил на височина од околу 3.000 метри, пренесува британски „Индипендент“.

Спонзорирано: