5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Помпео назначи специјален пратеник за Венецуела

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го назначи поранешниот дипломат Елиот Ејбрамс за специјален пратеник за ,,повторно воспоставување на демократијата” во Венецуела. Ејбрамс пред новинарите изјави дека кризата во Венецуела е длабока, комплексна и опасна.

САД и повеќе од десетина латиноамерикански држави, Канада и Обединетото Кралство, го поддржаа Хуан Гуидо, кој го предводи Националниот конгрес на Венецуела, откако самиот се прогласи за легитимен претседател. Во исто време, оспорениот претседател Николас Мадуро не се откажува од власта и вели дека е демократски избран претседател.