20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев слета во Софија, а од таму директно во седиштето на СДСМ каде што ќе се донесе многу важна одлука

Денеска ќе се одржи седмата седница на Централниот одбор на СДСМ.

Почетокот на седницата беше закажан во 19:00 часот, во седиштето на партијата во Скопје, но неизвесно е дали ќе почне во предвиденото време со оглед дека авионот во кој е премиерот Зоран Заев, кој директно доаѓа од Давос, Швајцарија поради снежното невреме во Скопје, беше пренасочен кон Софискиот аеродром, од каде што како што дознаваме Заев со автомобил ќе се упати кон Скопје.

Инаку според информациите на Centar.mk, Пред членовите на Централниот одбор на СДСМ на дневен ред се повеќе точки поврзани со процесот на реформите, напредокот на Македонија, интеграциите и членството во НАТО и ЕУ, актуелната политичка состојба во земјава, други политички и внатрепартиски прашања.

Се очекува Централниот одбор да донесе одлуки поврзани со отпочнувањето на внатрепартиската постапка за избор на кандидат за Претседател на државата како и одлуки за постапки за избор на кандидати за градоначалници во три општини за кои ќе се одржат локални избори оваа година.

Седниците на Централниот одбор се работни, а неофицијално се дознава дека на оваа седница ќе биде одлучено дали СДСМ ќе оди на предвремени парламентарни избори.