20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Се пишува историја: Грција нѐ призна под Уставно име

Грција го изгласа Законот со кој се признава дека нивниот северен сосед се вика Северна Македонија, во која живеат Македонци, кои зборуваат Македонски.

Со ова за прв пат Грција ја призна нашата земја под новото Уставно име, Северна Македонија.

Како што јавува известувачот на Centar.mk од Атина, со поддршка од 153 пратеници, Договорот од Преспа ја помина ратифиацијата во грчкиот Парламент.

На гласањето присуствуваа невообичаено, сите 300 пратеници кои усно гласаа со „да“, „не“ или „воздржано“ за нацрт законот на Министерството за надворешни работи на Грција за ратификација и стапување во сила на Договорот од Преспа.

Тридневната дебата, со говор, ја затвори привремениот алтернативен министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, по што беше изгласана ратификацијата.

Сега на ред е потпишувањето на протоколот со НАТО, а потоа и изгласување во грчкиот парламент, со што почнува процедурата за менување на Уставното име на Македонија, во Северна Македонија. Со тоа завршува финалазацијата од донесувањето на Преспанскиот договор.

Дополнително прочитајте и повеќе околу временската рамка за спроведување на Преспанскиот договор и како Македонија во иднина ќе стане членка на НАТО и ЕУ:
Македонија тргнува напред: Ексклузивно ги исцртуваме наредните чекори – Што следува сега?