4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Зборот е збор: Ципрас како што вети, така и направи – успешно усвоен Преспанскиот договор во грчкиот парламент

Со поддршка од 153 пратеници, Договорот од Преспа ја помина ратифиацијата во грчкиот Парламент.

На гласањето присуствуваа невообичаено, сите 300 пратеници кои усно гласаа со „да“, „не“ или „воздржано“ за нацрт законот на Министерството за надворешни работи на Грција за ратификација и стапување во сила на Договорот од Преспа.

Тридневната дебата, со говор, ја затвори алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, по што беше изгласана ратификацијата.

Сега на ред е потпишувањето на протоколот со НАТО, а потоа и изгласување во грчкиот парламент, со што почнува процедурата за менување на Уставното име на Македонија, во Северна Македонија.