5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран започна воена вежба

Иранската војска ја почна годишната пешадиска вежба, која вклучува околу 12.000 војници, објави иранската државна телевизија.

Генералот Нозар Немати рече дека дводневната вежба ќе се одржи во провинцијата Исфахан и дека војниците ќе вежбаат нови офанзивни тактики.

Иран редовно организира воени вежби за да ја покаже својата подготвеност и ветува силен одговор на евентуалниот напад од Израел или на САД.