11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

На душа ќе ја носите Мирка Гинова – Ципрас “распали” во парламентот

Ципрас спротиставувајќи се на сите кои се против тоа Македонија да биде дел од новото име, ги потсети на „славомакедонскиот буквар и Славомакедонката Мирка Гинова“.

– „Ова е ден кој ќе се памети во историјата како почеток на една нова ера за Балканот – модерен, европски, демократски, мирен, изјави тој.

Грчкиот премиер им се обрати и на пратениците од Комунистичката партија, спомнувајќи ја антифашистичката хероина Мирка Гинова, а ја именуваше со македонското име, и со името (Ирини Гини) со кое ѝ се обраќале членовите на грчката Комунистичка партија.

– „Не сакам да се осврнам ниту на славомакедонскиот Буквар што комунистите го делеа во Ташкент на децата на славомакедонските борци на Демократската армија на Грција. Не сакам да се осврнам на 70.000 бегалци од Граѓанската војна кои грчката држава ги лиши од правото во 1983 година да се вратат во нивната татковина. Ниту ќе се осврнам на Славомакедонката Ирини Гини-Мирка Гинова, првата жена стрелана во Граѓанската војна, комунистка. Со овие грижи на совест што ги имате, да си се справите сами. Ќе говорам политички, нема да се осврнам на историјата на Комунистичката партија на Грција“, истакна тој.

Спонзорирано: