3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

8 март прогласен за празник и за неработен ден

Градските власти на Берлин донесоа одлука Меѓународниот ден на жените – 8 Март оваа година да биде неработен, празничен ден.

Властите на главниот град на Германија го увоија текстот што го предложија Социјалдемократската партија (СПД), Зелената партија и Левицата. Советниците во Берлин веќе со месеци расправаа за овој предлог.

Градоначалникот, инаку член на СПД, Михаел Милер, предложил за неработен ден и за празник да биде прогласен 18 март, почетокот на Германската револуција во 1848 година. Левицата се залагала, пак, за 8 мај, датум на нацистичката капитулација во 1945 година.

Левичарските партии на крајот се договориле тоа да биде 8 март, датум кој во 1977 година Обединетите нации го избраа да биде Меѓународен ден на жената.

Одлуката веднаш наиде на критика кај индустриската и трговската комора на Берлин, кои сметаат дека тој неработен ден градот ќе го чини околу 160 милиони евра.

Спонзорирано: