10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Брегзит и Венецуела клучни теми и на последниот ден од економскиот форум во Давос

Последиците од последните случувања во Венецула и неизвесноста околу излезот на Велика Британија од Европската Унија ќе бидат клучни точки на денешната дискусија на Светскиот економски форум во Давос.

Лидерите покрај овие две теми, според најавите, предвидено е да разговараат и за глобалната трговија, особено за спорот меѓу САД и Кина, климатските промени, глобалните политички и бизнис-елити, објави АП.

На овогодишниот Светски економски форум присуството го откажаа американскиот претседател, Доналд Трамп, британската премиерка, Тереза Меј, и претседателот на Франција, Емануел Макрон. Организаторите посочија дека 65 шефови на држави и влади, и околу 40 лидери на меѓународни организации, меѓу кои и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, се дел од форумот, додека претседателот на Светскиот економски форум изјави дека околу 37 шефови на држави и владите се од Европа и Евроазија.

На форумот учествуваа и голем број раководители на компании и претставници на граѓанското општество, додека од Групата на седум индустриски најразвиени земји (Г-7) дел од форумот во Давос се јапонскиот премиер, Шинзо Абе, германската канцеларка, Ангела Меркел, и италијанскиот премиер, Џузепе Конте.

Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, почна на 22 јануари, а завршува денеска.

Спонзорирано: