8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спасовски за претседателските избори: Имаме многу кандидати кои ги исполнуваат критериумите, треба да го одбереме вистинскиот

За Македонија е многу важно да избереме кандидат кој ќе биде достоен да ја извршува функцијата претседател, бидејќи престојат многу важни процеси за државата, остварување на националните интереси, членството во НАТО и ЕУ, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски без конкретно да се изјасни за евентуалната негова кандидатура.

-За Македонија е многу важно да избереме кандидат кој ќе биде достоен да ја извршува функцијата претседател, кој ќе не обединува сите нас, кој Македонија ја подразбира како едно општетсво, кандидат кој ќе има визија за тоа што следи во иднина за РМ и каква перспектива ќе мора да обезбеди заедно со Владата на РМ на идните генерации. Сите ние треба да бидеме посветени максимално кон изнаоѓање на вистинскиот кандидат. Потојат многу кандидати кои ги исполнуваат ваквите критериуми. За тоа ќе разговараме, ќе го консултираме членството, се прават испитувања на јавното мислење за тоа што мислат граѓаните, и на основа на тоа да се избере најдобриот можен кандидат затоа што на Македонија сега и е потребен добар претседател, бидејќи престојат многу важни процеси за државата, остварување на националните интереси, членството во НАТО и ЕУ. Затоа е потребно и институционално единство, вели Спасовски на гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.

Тој посочи дека за утревечер веќе е закажан Централен одбор на партијата на кој што ќе ја отворат постапката во однос на кандидатурите, која согласно партискиот статут, ќе се води од најниско ниво, а на крајот ќе одлучува Конгресот на партијата во однос на утврдувањето кандидати.

Во однос на рокот кога СДСМ ќе го одржи Конгресот, Спасовски, кој е и потпретседател на партијата, рече дека тоа ќе биде решено на утрешните седници на Централниот и на Извршниот одбор на партијата.

-Не би сакал да шпекулирам со датуми, но ќе знаеме точно со рокови кога и кои дејства ќе бидат спроведувани и кога би го знаеле кандидатот на СДСМ. Најважно е целата таа постапка да биде испочитувана, да ги погледнеме и истражувањата на јавното мислење. Нашиот претседател веќе најави дека имаме повеќе кандидати. Верувам дека ќе го направиме најдобриот избор, рече Спасовски изразувајќи уверување дека претседателот на РМ во наредниот мандат ќе биде од редовите на Коалицијата предводена од СДСМ.

Спонзорирано: