18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поранешниот украински претседател осуден на 13 години затвор

Судот во Киев го осуди поранешниот украински претседател, Виктор Јанукович, на 13 години затвор во отсуство кога претходно го прогласи за виновен за предавство.

Во изјавата за време на пресудата судијата заклучи дека нема доволно докази дека Јанукович е виновен и за точката од обвинението во врска со обидот за промена на границите на земјата.

Тој ја напушти Украина во 2014 година за време на големите тензии во Киев поради нередите помеѓу полицијата и демонстрантите, кои бараа приближување кон Европската Унија.

Поранешниот лидер, кој се наоѓа во Русија, е осуден за предавство, а ќе му се суди и за соучесништво и војна против Украина.

Спонзорирано: