17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Поради магла, намалена видливоста на Стража, Маврово и на Попова Шапка

Поради појава на магла, намалена е видливоста од 50 до 60 метри на Стража, Маврово и на Попова Шапка, информираа од Авто мото-сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта, информираат оттаму, се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места во западните делови од државата има и остатоци од кашест снег на коловозот. На патниот правец Струга-граничен премин Ќафасан, до село Франгово, поради оштетување на коловозот, брзината на движење е ограничена на 40 километри на час.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури, карактеристични за вечерните и утринските часови, постои можност и од појава на голомразица.