9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тензично во Венецуела: двајца претседатели, инциденти и најмалку 12 загинати

Најмалку 12 лица загинаа во Венецуела за време на насилните протести против владата, објави невладина група.

Во сиромашните населби во Каракас синоќа трета вечер по ред имаше кражби и конфликти меѓу демонстрантите и припадниците на безбедносните сили.

Венецуела западна во нова фаза на несигурност по вчерашните демонстрации во кои се бара заминување на претседателот Николас Мадуро.

За време на вчерашниот протест, претседателот на парламентот на Венецуела, единствената институција контролирана од опозицијата, Хуан Гуаидо, се прогласи за преоден претседател на државата пред десетици илјади приврзаници во Каракас. Гуаидо (35) неодамна повика на протести со образложение дека во земјата треба да се формира преодна влада.

Меѓународната организација за човекови права „Амнести интернешнл“ го повика Мадуро да ги почитува правата на демонстрантите и веднаш да ги отстрани членовите од армијата и полицијата, пренесува АП.

Русија, Кина, Турција, Иран и Сирија го поддржаа претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. Самопрогласениот претседател на оваа земја, Хуан Гуаидо, го признаа САД, а генералниот секретар на ОН и Европската Унија повикаа на дијалог и политички процес за излез од кризата.

Спонзорирано: