12.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тони Михајловски в понеделник седнува на обвинителна клупа

В понеделник, 28 јануари, во 11 часот во кривичниот суд во Скопје на обвинителна клупа треба да седне актерот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски. Рочиштето за Михајловски ќе го суди судијката Александра Ристеска, која го суди и предметот „Тортура“ во кој е обвинет ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, и петте „алфи“ за апсењето на тогашниот лидер на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски.

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против Тони Михајловски за сторено кривично дело загрозување на сигурноста (член 144 став 4 од Кривичниот законик), поради закана за убиство на новинарот Бранко Тричковски објавена на социјалната мрежа „Фејсбук“. За ова дело е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна.

Михајловски на својот фејсбук-профил на 16 јуни 2017 напиша: „Јас Бранко Тричковски можам да го убијам и да не ми трепне око. Прости ми Боже“.

Oд обвинителството соопштија дека заканите биле објавени во форма на коментар на профилот на „Фејсбук“ на Михајловски и биле насочени кон оштетено лице – новинар, при што обвинетиот повикал на физичка ликвидација и му ја загрозил сигурноста на новинарот.

Во истрагата, надлежниот јавен обвинител презел повеќе истражни дејствија, а преку меѓународна правна помош од социјалната мрежа ги обезбедил и податоците за корисничкиот профил од кој биле упатени заканите.

Спонзорирано: