11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Локвенец: Во 2019 година реконструкција и изградба на над 700 километри патишта

2019 година, освен година на интеграција и економски раст, е година и на сериозни инвестиции во патната инфраструктура, најави на денешната прес-конференција пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец.

„Со започнување на градежната сезона, низ целата држава продолжува изградба и реконструкција на најголем дел од патната мрежа.

Станува збор за изградба на нови и реконструкција на постоечки патни правци во вкупна должина од над 700 километри со вкупна вредност од една милијарда и 270 милиони евра.

Модернизацијата на патиштата го олеснува животот на граѓаните, но и позитивно влијае врз економскиот раст и конкурентноста.

За нас развојот на инфраструктурата е еден од приоритетите за оваа година“, изјави Локвенец.

Откако се надминаа проблемите и се потпиша анекс-договорот со кој се заштедија 90 милиони евра, вели Локвенец, продолжува и изградбата на автопатот Кичево – Охрид, додека автопатот Миладиновци – Штип наскоро ќе биде пуштен во употреба, а интензивно се работи и на експресниот пат Градско – Дреново до третата лента према Прилеп.

Меѓу позначајните проекти за оваа година, тој ги посочи изградбата на автопатската делница Скопје – Блаце, втората фаза од експресниот пат Штип – Радовиш и третата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп и реконструкција и рехабилитација на бројни патни правци низ целата држава.

Спонзорирано: