18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Криминална организација од Макау прошверцувала над 4 милијарди долари

Кинеските власти рекоа дека откриле подземна мрежа за шверц на пари, која успеала да прошверцува над 4,4 милијарди долари преку Макау, која важи за коцкарски центар.

Случајот претставува важен пример за напорите на Кина да се изборат со обидите за ибегнување на капиталните контроли на земјата и да го спречат шверцот на пари надвор од земјата, кој може да ја дестабилизира кинеската економија.

Судската полиција на Макау изјави дека мрежата за шверц била формирана во 2016 година и се потпирала на уредите што продавниците ги користат за вршење трансакции со кредитни или дебитни картички, кои биле прошверцувани од Кина.

Тие им овозможувале на граѓаните на Кина да повлекуваат пари од своите банкарски сметки како да се во својата земја, со тоа избегнувајќи ги строгите ограничувања на Кина за сумата што нејзините граѓани може да ја пренесат преку граница.

Богатите Кинези долго време бараат начин како да ги избегнат капиталните контроли со тоа што пренесуваат пари преку Хонг Конг и Макау, кои се управуваат како посебни административни региони со свои валути и многу помалку рестрикции во однос на преносот на пари.

Кинеските медиуми пренесуваат дека властите нашле докази дека криминалната организација ги користела уредите за да им овозможи на коцкарите да ги извадат своите добивки од казината во една од валутите на Хонг Конг и Макау.

Вкупно 39 лица беа уапсени во случајот и биле запленети 32 уреда.

Спонзорирано: