10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Катимерини: Опозицијата размислува да го одложи гласањето на преспанскиот договор

Грчката опозиција ја разгледува можноста да го одложи гласањето на преспанскиот договор, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Гласањето, како што пишува весникот, е закажано за утревечер по дводневната дебата. Претходно, пак, грчката новинска агенција АНА-МПА соопшти дека за договорот ќе се гласа в петок.

Се очекува грчкиот премиер, Алексис Ципрас, да добие зелено светло за договорот бидејќи тој најверојатно го има обезбедено мнозинството за ратификување на преспанскиот договор.

„Единственото прашање што изгледа нејасно е дали гласањето ќе се одржи според распоредот или ‘Нова демократија’ ќе побара одложување. Во таков случај, гласањето на договорот ќе биде одложено за следната недела или за време на викендот“, пишува „Катимерини“.

Лидерот на главната опозициска партија, Киријакос Мицотакис, ги поттикна шпекулациите со коментарот дека неговата партија ќе направи сè за да ја спречи ратификацијата на договорот.

Спонзорирано: