Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Данок ќе плаќа и црквата

Долниот дом на чешкиот парламент денеска изгласа мерка за даночење на исплатата што црквата ја добива како надомест за имотот запленет за време на комунистичкиот режим, што беше клучно барање на актуелната Чешка комунистичка партија (KSČM) за поддршка на малцинската влада од левиот центар.

Претставниците на владејачката партија АНО, премиерот Андреј Бабиш и нивните малцински партнери им се придружија на комунистите, па предлог-законот помина со 106 гласа. Долниот дом има 200 претставници.

Отштетата на црквите, во најчест случај католички, почна да се исплаќа во 2013 година и изнесува две милијарди круни (75 милиони евра) годишно за период од 30 години.

Тие е надомест за црковниот имот што комунистичките власти го конфискувале по Втората светска војна, а сегашната власт не е во можност да го врати со Законот за денационализацијата бидејќи во меѓувреме настанала смена на сопствениците.

Законот мора да го потврди и чешкиот Сенат, а некои претставници веќе најавија дека ќе бараат ревизија на уставноста.

Црковните власти, чие влијание во чешкото општеството е сѐ помало, се соочуваат и со постепено намалување на владиниот придонес за платите на свештениците и другите трошоци на црквата.

Спонзорирано: