11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руски авион принудно слета, патник сакал присилно да го пренасочи

Патнички авион на компанијата „Аерофлот“, кој летал на линијата SU1515 од Сургут за Москва, принудно слетал во рускиот град Ханти Мансиск, како што пренесуваат тамошните медиуми, поради хулиганско однесување на еден од патниците.

Авионот ја променил трасата над градот Југурс.

Во него биле 69 патници и седум членови на екипажот.

Претходно, медиумите објавија дека еден од патниците бил вооружен и дека побарал промена на трасата, така што авионот би се упатил кон Авганистан.

Руските медиуми објавија и фотографија од човекот кој наводно се обидел да го заземе авионот, но властите сè уште не ги потврдуваат овие наводи. Се споменува 41-годишниот Павел С., кој веќе бил осудуван за кражби, злоупотреба на дрога и хулиганизам.

Според рускиот закон, за ова кривично дело се предвидува казна затвор од осум години или до 12 години, ако сторителот е вооружен или, пак, се заканува со насилство.

На аеродромот во Ханти Мансиск забележани се најмалку десет полициски единици, пренесуваат локалните медиуми. Од „Аерофлот“ засега не ги коментираат овие медиумски информации.

Спонзорирано: