10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Реформите во разузнавачкиот сектор, во фокус на средбата помеѓу Спасовски и делегацијата на НАТО

Преспанскиот договор и реформите во безбедносно-разузнавачкиот сектор беа теми на состанокот помеѓу министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, и делегацијата на НАТО, предводена од Арнт Фрајтаг фон Лорингхофен, помошник на генералниот секретар за разузнавање и безбедност.

Арнт Фрајтаг фон Лорингхофен го поздрави постигнатиот политички договор со одобрувањето на договорот од Преспа во македонскиот парламент, со кој оцени дека се отвора патот на Македонија кон интеграција во НАТО и ЕУ.

Министерот Спасовски ги запозна гостите со досегашниот тек на реформите и имплементацијата на новиот систем за следење на комуникациите, а го запозна и со детали од текстовите на законите со кои се продолжува реформата во безбедносно-разузнавачкиот сектор.

Арнт Фрајтаг фон Лорингхофен изрази поддршка за досегашниот тек на реформите, кои продолжуваат со силен интензитет и се од големо значење за членството на Македонија во НАТО. Тој позитивно го оцени напредокот што е направен во рамките на Управата за безбедност и контраразузнавање, како и враќањето на угледот на управата.

Спонзорирано: