5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп за две години изнел 8.158 лажни или погрешни тврдења

Две години по преземањето на функцијата, американскиот претседател, Доналд Трамп, има изнесено 8.158 лажни или погрешни тврдења, покажува Алатката за проверка на фактите која ги категоризира и ги следи сите сомнителни изјави искажани од страна на претседателот.

Како што пишува „Вашингтон пост“, само во втората година од претседателствувањето Трамп изнел неверојатни 6 000 лажни или погрешни изјави и толкувања.

Претседателот Трамп во просек давал 5,9 лажни изјави дневно во својата прва година од функцијата. Во својата втора година од мандатот речиси тројно го зголемил темпото – па дневно давал дури 16,5 неточни изјави.

Идејата на проектот била да ја следи работата на претседателот во првите 100 дена од неговиот мандат. Но, интересот на читателите за статистиката на неточни изјави дадени од страна на претседателот иницирал проектот да продолжи и понатаму. Со помош на интерактивни графикони секој може да ја следи ,,листата на лаги”, односно сите искажани неточни или лажни изјави на Трамп. Исто така може со клучен збор да се пребарува таа листа.