5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Двајца Кипрани во бегство со бебе, властите се сомневаат на трговија со луѓе

Кипарската полиција трага по двајца мажи кои исчезнале со бебе, за кое постојат сомнежи дека имале намера да го посвојат, откако една Кипранка го купила во нивно име на Филипините.

Двајцата мажи, кипарски Грк и странски државјан, за кои се верува дека се двојка, се соочуваат со обвиненија за шверц, фалсификување и заговор, објави агенцијата АП.

Жената која го купила бебето во име на двојката е во притвор, а за бебето се претпоставува дека е со парот кој е во бегство.