8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Германија забрани иранска авиокомпанија поради сомнежи за шпионирање и тероризам

Берлин ѝ ја одзеде дозволата за управување со летови во Германија на иранската компанија „Махан“, поради безбедносни причини и сомнежи дека оваа авионска компанија била користена за воени цели.

Владата се сомнева дека авиокомпанијата, која се наоѓа на листата на санкционирани компании на САД уште од 2011 година, била користена за целите на Иранската револуционерна гарда, како и за терористички активности.

Неколку земји од ЕУ го обвинија Иран за шпионирање и планирање напади на континентот.