5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Хитроу“ останува најпрометен аеродром во Европа

Најголемиот аеродром во Лондон „Хитроу“ и понатаму цврсто го држи првото место на листата најпрометни аеродроми во Европа.

„Хитроу“, со повеќе од 80 милиони патници годишно, зад себе го остави парискиот „Шарл де Гол“ низ кој поминале 72,2 милиони патници минатата година.

На листата најпрометни аеродроми во Европа се приклучи и аеродромот „Шереметјево“ во Москва благодарение на зголемениот број на патници за време на светското првенство во фудбал.

Мундијалот привлекол 5 милиони патници, а речиси половина од нив патувале токму преку аеродромот во Москва, со што овој аеродром оствари најголем раст од 14,3 отсто.