17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Обид за убиство во Кочани – Полицијата на нозе по страшната престрелка во познатиот ресторан, повеќе приведени

На пукањето што се случи вчера околу 17 часот во угостителски објект во Кочани, а во кое едно лице беше рането, претходела расправија. Напаѓачот, кој е под истрага за обид за убиство, сè уште не е пронајден.

„Настанот се случил откако меѓу повеќе лица кои претходно заедно седеле на маса, започнала вербална расправија. Потоа осомничениот извадил пиштол и испукал проектил во едно лице и му нанел прострелна рана. Во моментот на пукањето, во угостителскиот објект имало присутни и други лица, кои осомничениот ги довел во опасност што дава посебна тежина на кривичното дело кое го сторил“, велат од Основното јавно обвинителство Кочани.

По пукањето, ранетиот бил однесен во болница во Скопје. Откако му била пружена медицинска помош, бил вратен во Кочани, каде што дал исказ пред јавен обвинител.

Од кочанското обвинителство велат дека утринава се приведени уште три лица кои биле во кафената за време на инцидентот.

Спонзорирано: