8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Миленко Неделковски: Не сум виновен

Новинарот и водител Миленко Неделковски денеска првпат седна на обвинителна клупа како обвинет за ширење расистички и ксенофобичен материјал на интернет.

На Неделковски му суди судијата Марин Станевски, кој суди и на случајот со смртта на малата Тамара. Судењето почна со задоцнување поради тоа што судијата ги бараше дозволите за снимање од судската полиција.

Обвинителот Александар Марковски рече дека Неделковски, за кого е поднесен обвинителен предлог до судот, е обвинет дека на 24.7.2018 година преку компјутерски систем во јавноста ширел ксенофобичен пишан материјал со кој промовирал омраза против група врз основа на етничка припадност.

Обвинетиот како јавна личност – новинар на својот јавен профил на „Фејсбук“ објавил коментар по повод пожарот на грчкиот полуостров Атика во кој имаше човечки жртви. Неделковски, според обвинението, со коментарот промовирал омраза кон Грците како етничка група, кои биле засегнати од катастрофалниот пожар. За ова кривично дело во Кривичниот законик предвидена е казна затвор од една до пет години.

Неделковски пред судот рече дека не се чувствува виновен.

(Makfax)