5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Влада: Законот за јазиците не предвидува дополнителни вработувања во општините

Законот за употреба на јазиците не предвидува дополнителни вработувања во општините во кои граѓаните на немнозинските заедници се помалку од 20 отсто, велат од Владата и ги отфрлаат тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Законот за употреба на јазиците предвидува формирање на Централна агенција којашто ќе ги опслужува општините и другите институции во оние населени места каде што мнозинството граѓани се Македонци. Во тие градови, во случај кога некој граѓанин од албанска, ромска, бошњачка, српска или друга етничка заедница ќе има потреба од комуникација и ќе се обрати на друг јазик, покрај македонскиот, тогаш Централната агенција ќе им излезе пресрет на тие граѓани и ќе ја преведе комуникацијата за потребите на граѓаните коишто се обраќаат“, велат од Владата и додаваат дека тоа значи оти во институциите во општините каде што 20 проценти од граѓаните не се припадници на немнозинските етнички заедници, нема дополнително да се вработуваат граѓани од албанска или која било друга етничка припадност за исполнување на одредбите од Законот за употреба на јазиците.

Владата преку соопштение додава дека останува цврсто на ставот дека Законот за употреба на јазиците е во интерес на сите граѓани и е во рамки на концептот едно општество еднакво за сите. Со неговата имплементација, велат од Владата, ќе се зајакне севкупната социјална стабилност во Република Македонија и ќе придонесе кон зајакнување на интегритетот и економскиот прогрес на земјата.

Спонзорирано: