5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Законот за јазици е во согласност со амандманите на Уставот од 2002 година

Граѓаните да бидат спокојни и да ја одбијат омразата на ВМРО-ДПМНЕ, порача владејачкиот СДСМ, од каде тврдат дека Законот за јазиците е во согласност со амандманите на Уставот од 2002 година.

„Законот за употреба на јазиците ја регулира употребата на албанскиот јазик кој во Македонија е втор официјален јазик уште со амандманите на Уставот од 2002 година и истиот не влијае на употребата и заштитата на македонскиот јазик. Владата на Република Македонија го заштити и обезбеди македонскиот јазик засекогаш, тој е прв официјален јазик во Македонија, а сега и меѓународно признат и тој ќе се употребува во најголемите западни сојузи како што се ЕУ и НАТО и ќе биде рамноправен со јазиците на останатите земји членки“, велат од СДСМ преку соопштение.

Владејачката партија додава дека ВМРО-ДПМНЕ не успеала да го блокира членството во ЕУ и НАТО и нема да успее да го блокира напредокот и градењето на еднакво општество на еднакви граѓани.