23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Контроверзен гуру од Индија уапсен за убиство

Контроверзен духовен водач од Индија беше осуден на доживотен затвор за убиството од 2002 година на новинарот кој ја разоткри сексуалната злоупотреба во неговата секта.

Гурмеет Рам Рахим Синг, водачот на духовната организација Дера Саша Сауда, во четвртокот ја прими казната преку видео-линк во затворот каде што отслужува 20 години затвор за силување на две жени следбенички.

Синг, заедно со уште неколку негови помошници, беше осуден за убиство и заговор, но тој и понатаму е влијателна фигура во Индија, со огромен број следбеници, пишува Си-Ен-Ен.

Веб страницата на организацијата Дера Саша Сауда ја опишува истата како „несебична социо-духовна организација“, која има ашрами низ 10 држави и синдикални територии во Индија и тврди дека има милиони следбеници низ целиот свет.

Во 2002 година, Рам Чандер Чатрапати, уредникот на дневниот весник „Пура Сач“ беше застречан и убиен по објавувањето на анонимно писмо од една од следбеничките на Синг. Во писмото се опишува сексуалната злоупотреба што се одвивала во организацијата.

Во 2017 година, синот на Чатрапати рече дека убиството на неговиот татко е директен резултат на објавувањето на писмото, велејќи дека заканите почнале да пристигнуваат веднаш потоа.